
ЗА НАС
Кат-Инг Градба е формирана во 2009 година со седиште во Скопје.
Основни дејности на фирмата се:
-
Изгрaдба на објекти од високоградба, нискоградба и инфраструктурни објекти
-
Вршење надзор над изградба на инвестициони објекти од прва и втора категорија
-
Проектирање
-
Реконструкција, санација и одржување на постоечки објекти
-
Одржување на улици и патишта во зимски период
-
Давање услуги со градежни машини
-
И други активности од градежништвото
Фирмата поседува:
-
Лиценца Б за изведба на објекти
-
Лиценца Б за вршење надзор над изградба на објекти
-
Лиценца Б за проектирање
Поседува и сертификати за системите за управување со квалитет, животна средина и заштита и здравје при работа:
-
ISO 9001:2015
-
ISO 14001:2015
-
ISO 45001:2018
сертифицирани од едно од најреномираните сертификациони тела во светот, TUV NORD.
Вработените во фирмата се од разни профили кои, исто така, поседуваат Овластувања А и Овластавуња Б во сопствената струка.
Фирмата е опремена со градежни машини за земјени работи, опрема за зимско одржување на улици и патишта и камиони за транспорт на стока и материјали.
За сериозноста и стручноста на фирмата Кат-Инг Градба зборуваат успешно изведените објекти, меѓу кои: ремедијација на рудникот Лојане во Општина Липково, спортски сали во СОУ „Перо Наков“ и во ОУ „Христијан Карпош“, атлетска патека во ОСТУ „Наце Буѓони“, голем број на улици со асфалт и бехатон, канализациони и водоводни мрежи, тениски игралишта, како и грандиозните објекти Затворен пливачки базен и Отворен градски базен во Куманово, итн.
МИСИЈА И ВИЗИЈА

Нашата мисија е да излеземе во пресрет на потребите на клиентите преку транспарентна и отворена комуникација, почитување на договорените барања и рокови, како и обезбедување на висококвалитетни услуги и производи.

Нашата визија е да обезбедиме траен успех на нашите клиенти. Да бидеме доверлив партнер за обезбедување на услуги и развивање на проекти кои носат трајни придобивки за нашите клиенти, но и за заедницата во која живееме и работиме.